logo
logo
logo

ПО ПРАЗНЕЊЕТО НА КОНТЕЈНЕРИТЕ, ЈП „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“ ги мие и микролокациите низ цело Скопје

Vecer | 27.08.2026

ПО ПРАЗНЕЊЕТО НА КОНТЕЈНЕРИТЕ, ЈП „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“ ги мие и микролокациите низ цело Скопје

Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје секојдневно реализираат рачно миење на микролокациите каде што се поставени садовите наменети за одлагање комунален отпад, во сите скопски општини. Миењето на микролокациите на контејнерите се одвива претежно во доцните вечерни часови, по празнењето на садовите, известуваат од ЈП Комунална хигиена-Скопје.

„Претпријатието продолжува и со континуирано одржување на хигиената на скопските булевари и улици преку нивно машинско миење со употреба на автоцистерни.

Во пресрет на големиот верски празник Успение на Пресвета Богородица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје извршија миење на целокупниот простор пред црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ лоцирана во строгиот центар на градот, како и во непосредната околина и дворот на манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ лоциран во кањонот Матка“, соопштуваат од ЈП Комунална хигиена-Скопје

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk