logo
logo
logo

ПЛАМНА СЕМЕЈНА КУЌА ВО ВЕЛЕС: Пожарникарите спречија огнот да ја проголта целата куќа

Vecer | 22.08.2026

ПЛАМНА СЕМЕЈНА КУЌА ВО ВЕЛЕС: Пожарникарите спречија огнот да ја проголта целата куќа

Пожар избувнал синоќа во семејна куќа на улицата „Глигор Прличев“ во Велес, при што огнот ја зафатил дневната соба. Благодарение на брзата интервенција на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Велес, пожарот бил ставен под контрола и било спречено неговото проширување кон останатиот дел од куќата.

Како што информираат од ТППЕ Велес, дојавата за пожарот била примена во 19:08 часот, по што веднаш на терен биле упатени едно противпожарно возило и тројца пожарникари.

По пристигнувањето на местото на настанот, пожарот бил затекнат во развиена фаза во дневната соба од објектот. Сепак, со навремена и пожртвувана интервенција, пожарникарите успеале да го локализираат и изгаснат пожарот, спречувајќи негово проширување кон останатите простории и целосно зафаќање на куќата.

Од ТППЕ Велес апелираат до граѓаните да бидат особено внимателни во периодот на високите температури и суша, бидејќи и најмала искра може да предизвика пожар.

Воедно, тие потсетуваат дека при забележување пожар, граѓаните треба веднаш да се јават на бесплатните телефонски броеви 193 или 112.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk