ФОТО | ПИШТОЛ И СТОТИЦИ ПАРЧИЊА МУНИЦИЈА ПРОНАЈДЕНИ ВО СТРУМИЦА: Едно лице уапсено

Vecer | 22.08.2026

ФОТО | ПИШТОЛ И СТОТИЦИ ПАРЧИЊА МУНИЦИЈА ПРОНАЈДЕНИ ВО СТРУМИЦА: Едно лице уапсено
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Полицијата извршила претрес во дом во Струмица, при што биле пронајдени пиштол, повеќе од 200 парчиња муниција, рамки за пиштол и воздушна пушка. 58-годишен струмичанец бил лишен од слобода, а според првичните информации, постои сомнение дека пронајденото оружје и муницијата ги поседувал неговиот 33-годишен син без соодветна документација. За случајот е известен јавен обвинител, а по целосното документирање се очекува кривична пријава.

На 21.08.2026 во 06:30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Ѓ.Р.(58) од Струмица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени пиштол „Црвена застава“ калибар 9 мм, 187 парчиња муниција за пиштол, 40 парчиња муниција за пушка, две рамки за пиштол и една воздушна пушка, за кои постои основано сомнение дека неговиот син Д.Р.(33) ги поседувал без документација.

Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот ќе биде поднесен кривична пријава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk