НОВА ШАНСА ЗА ОХРИДСКИОТ РЕГИОН

ПЕТ ГОДИНИ ЗА СПАС НА ОХРИД - УНЕСКО ја одложи одлуката за црната листа

Vecer | 24.07.2026

ПЕТ ГОДИНИ ЗА СПАС НА ОХРИД - УНЕСКО ја одложи одлуката за црната листа
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Комитетот за светско наследство на Унеско одлучи Охридскиот Регион засега да не биде впишан на листата на светско наследство во опасност. Наместо тоа, државата доби рок од пет години да ги спроведе препораките за подобрување и заштита на природното и културното наследство. Одлуката беше донесена на 48. сесија на Комитетот за светско наследство, која се одржува во Бусан, Република Кореја. 

Македонската делегација во Бусан ја води амбасадорот во Париз Игор Николов со неколку државни службеници.

Според македонската делегација одлуката е израз на доверба во преземените активности.

„Во наредниот период ќе продолжи спроведувањето на конкретни мерки за заштита, вклучително и подготовката на прекуграничната Стратегиска оцена на влијанијата врз животната средина, зајакнувањето на инспекцискиот надзор и справувањето со бесправните градби, како и активностите за заштита и обновување на Студенчишкото Блато,“ изјави амбасадорот Николов во своето обраќање.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk