logo
logo
logo

ПЕКОЛЕН ДЕН ПРЕД НАС: Температурите ќе стигнат до 39 степени

Vecer | 20.08.2026

ПЕКОЛЕН ДЕН ПРЕД НАС: Температурите ќе стигнат до 39 степени

Македонија денеска ја очекува сончево и многу топло време, со температури кои во најтоплите делови од земјава ќе достигнат до 39 степени Целзиусови. Според УХМР, најниска утринска температура е измерена во Берово, каде живата во термометрите покажала 16 степени, додека Кавадарци со 26 степени во 8 часот е најтоплото место во земјава. Во Скопје утрово се измерени 22 степени. Во текот на денот ќе има мала до умерена облачност, а ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој повремено ќе засилува долж Повардарието.

Минималните температури ќе се движат од 13 до 21 степен, додека максималните ќе достигнат од 33 до 39 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во Скопје се очекува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 19 степени, а максималната дневна ќе достигне 38 степени.

И во наредниот период продолжува топлото време, но за време на викендот се очекува промена на временската состојба. На места ќе има услови за локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а изолирано се можни и невремиња со силен ветер и град.

Температурите и понатаму ќе бидат високи, а наместа дневната температура се очекува да надмине и 40 степени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk