logo
logo
logo

Утре во Манастирец

Панихида и нова спомен-плоча во чест на поречаните кои го дадоа животот кај Дервишка нива

Vecer | 04.01.2022

Панихида и нова спомен-плоча во чест на поречаните кои го дадоа животот кај Дервишка нива

Утре со почеток во 11 часот пред спомен-костурницата, која се наоѓа во близина на манастирот Рождество на Пресвета Богородица кај село Манастирец, ќе се одржи панихида во чест 103-те видни поречани кои биле најсурово убиени во месноста Дервишка нива кај Барбарас. Овој немил настан се случил на Бадник, 1916 година.

- Ве информираме дека на 05.01.2022 година ќе се одржи ПАНИХИДА ( спомен) во чест 103 видни ПОРЕЧАНИ кои биле најсурово убиени во месноста ДЕРВИШКА НИВА кај Барбарас. Овој немил настан се случил на 06 јануари ден БАДНИК 1916 година по наредба на бугарскиот потполковник Константин Панов. Се потрудивме неколку лица да ги обезбедиме имињата на настраданите во овој масакар. Ќе се направи спомен-плоча која ќе биде поставена на денот на панихидата во спомен костурницата која се наоѓа во близина на Манастирот Рождество на Пресвета Богородица кај село Манастирец. Ве повикуваме сите да им оддадеме почит на овие наши предци кои го загубиле својот живот и се надеваме дека повеќе вакви настани нема да се случуваат. Вечен им спомен, и царство небесно! Настанот ќе се одржи 05.01.2022 г во 11:00 часот пред спомен костурницата, стои во објавата на црквата „Св.Богородица„ - Македонски Брод.

 

Овој ѕверски чин се случил само неколку месеци откако во 1915 година во прилепското село Долгаец биле заклани 315 жители, вклучувајќи деца и жени. Овој масакр кој засекогаш ќе биде врежан во историјата на Поречието и македонскиот народ се случил на 6-ти јануари 1916 година, па оттука често во историските читанки може да се сретне под називот „Бадников масакр“, а поради тоа што се случил на местото викано Дервишка нива, се среќава и под називот „Масакр во Дервишка Нива“.

Спомен-плочата што ќе биде поставена всушност треба да ја замени онаа што беше демолирана во 2017 година Оттогаш оваа плоча не е возобновена, а сторителите не се пронајдени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk