logo
logo
logo

„КРАДЕЛ КОЈ СТИГНЕ“ - ЈО ДА ГО ИСТРАЖИ ПРЕТХОДНОТО РАКОВОДСТВО НА „МАКЕДОНИЈАПАТ“, побара Николоски

Vecer | 11.09.2026

„КРАДЕЛ КОЈ СТИГНЕ“ - ЈО ДА ГО ИСТРАЖИ ПРЕТХОДНОТО РАКОВОДСТВО НА „МАКЕДОНИЈАПАТ“, побара Николоски

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски од говорницата на македонското Собрание го повика Јавното обвинителство да го разгледа ревизорскиот извештај за ЈП „Македонијапат“, како и кривичната пријава што тој лично ја има потпишано за работењето на претходното раководство, кое го заглави претпријатието во огромни долгови. Николовски, одговарајќи на пратеничко прашање од Борислав Крмов, истакна дека состојбата во претпријатието била „исклучително тешка“.

„Го затекнавме претпријатието со 34 милиони евра долг, сега е 25, за две години е намален за девет милиони евра. Крадел кој стигне, кај стигне“, нагласи Николовски, наведувајќи примери за драстично преплатени набавки на бои, манипулации со зимското одржување и скандалозни судски пресуди за оштети од удари на кучиња во висина од 3,5 милиони евра, зад кои, според него, стои добро организирана мрежа на адвокати, проценители и вештаци.

Тој посочи дека дел од проблемите доаѓаат и од тужби упатени кон судот во Стразбур, каде што со здружено дејствување со доверителите се изнудуваат исплати на долгови и камати со сомнителни пазарни цени. Николовски потенцираше дека лично има потпишано над 20 кривични пријави и јавно апелираше обвинителите добро да го проучат ревизорскиот извештај за да утврдат како се раководело со државните пари.

На крајот, министерот нагласи дека сегашната состојба е стабилизирана – вработените во ЈП „Македонијапат“ редовно земаат плата, најавена е исплата на К-15 во законскиот рок, а добавувачите се исплаќаат врз основа на реалните можности и потреби.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk