logo
logo
logo

ОГРОМЕН ПОЖАР ГО ЗАФАТИ ГРАДСКО: Ер-тракторите од Китка пренасочени, полициски хеликоптер во акција

Vecer | 25.08.2026

ОГРОМЕН ПОЖАР ГО ЗАФАТИ ГРАДСКО: Ер-тракторите од Китка пренасочени, полициски хеликоптер во акција

Голем пожар избувна денеска во Општина Градско, поради што ер-тракторите кои дејствувале на пожарот на Китка се пренасочени кон новото жариште. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, информираше дека пожарот се шири, а во гасењето се вклучува и полициски хеликоптер.

„Пред околу 11 часот изби тежок пожар на територијата на општина Градско, во атарот помеѓу селата Горно Чичево и Долно Чичево. Пожарот најверојатно е започнат од стрниште, но поради високата и сува трева и ветерот којшто овде дува, се раширил со голема брзина загрозувајќи ги двете села. Ми се јави итно градоначалникот на општина Градско, бараше итна помош, рече Ангелов.

Тој вели дека итно биле испратени противпожарни екипи од Велес, Неготино и Кавадарци, но не биле доволни да се сопре огнената стихија којашто се движела со голема брзина, поради што ги пренасочил ер-тракторите коишто од рано утрово дејствувале на големиот пожар на планината Китка.

„Ги пренасочив овде, помогнаа за почетно фаќање контрола врз овој пожар, а веднаш потоа продолжи со дејство и полицискиот хеликоптер. Голема благодарност и до локалното население коешто со трактори излезе да заора, да направи противпожарни пресеки и со тоа да го пресече овој пожар. Се надевам дека набргу истиот ќе биде целосно изгаснат, истакна Ангелов.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk