ОД ПАДНАТИТЕ ДРВЈА ПО НЕВРЕМЕТО - Ќе се гради моторички парк на Водно

Vecer | 06.08.2026

ОД ПАДНАТИТЕ ДРВЈА ПО НЕВРЕМЕТО - Ќе се гради моторички парк на Водно
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Од паднатите дрвја по силното невреме што неодамна го зафати Скопје ќе биде изграден нов моторички парк за деца и млади на Водно. Наместо да завршат како отпад, дел од здравите стебла ќе бидат искористени за изработка на природни реквизити и препреки кои ќе придонесат за развој на моторичките способности и физичката активност на најмладите, соопшти градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Новиот простор ќе биде наменет за деца, млади и возрасни, кои ќе можат да го користат за рекреација, движење, дружење и поминување повеќе време во природа.

На местата каде што паднале дрвјата се засадуваат нови садници, а во втората половина на септември е најавена и голема есенска акција за пошумување на градот.

Паралелно со тоа, продолжуваат активностите за уредување на Водно, меѓу кои се и обновувањето на патеките и урбаната опрема.

На Водно и Матка веќе функционира и Планинската спасителна служба, подготвена за брзи и професионални интервенции во планински услови, со што се зголемува безбедноста на посетителите.

Ѓорѓиевски посочува дека целта е Водно да се обновува и унапредува со нови содржини кои ќе им служат на сите генерации.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk