Нови снимки од уживањето на Зоран Заев на луксузната јахта, на Паљури, на првиот крак на Егејското море. На видео материјалите до кои дојде Алфа ТВ, се гледа поранешниот премиер со уште неколкумина, како се сонча на скапото пловило, но и како плива во чистите морски води.
Според нашите информации човекот кој договори промена на името на Македонија и го потпиша Договорот за добрососедство со Бугарија, веќе неколку дена ужива на грчкото приморје, во близина на преубавата плажа Голден Бич, покрај Паљури.
Ова не е прв пат Заев за летниот период да си се вози на скапа и луксузна јахта. Исто беше и лани во август, кога екс премиерот беше во друштво со својот близок пријател и актуелен лидер на СДСМ, Венко Филипче. Со нив беше и Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на Аеродром на последните локални избори, а сега потпретседател на социјалдемократите.
Јахтата на која одмара Заев годинава не се знае дали е негова, но слични такви се продаваат меѓу 500 илјади и милиони евра, а за изнајмување цените знаат да одат и над 20.000 евра за една недела.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата