Денеска, 12 октомври, е неработен ден за сите граѓани по повод вчерашниот празник 11 Октомври – Денот на народното востание.
Бидејќи годинава 11 Октомври се падна во недела, неработниот ден се префрла во понеделник, со што граѓаните добија продолжен викенд.
Добрата вест е што следниот неработен ден доаѓа за помалку од две недели и повторно носи продолжен викенд.
На 23 октомври, петок, се одбележува Денот на македонската револуционерна борба и тој е неработен ден за сите граѓани. Со спојување со сабота и недела, ова ќе биде уште еден тридневен викенд во октомври.
По него, до крајот на 2026 година останува уште еден неработен ден за сите граѓани – 8 декември, „Св. Климент Охридски“, кој годинава се паѓа во вторник.
Така, по денешниот неработен понеделник, граѓаните ги очекуваат уште 23 октомври и 8 декември како преостанати неработни денови за сите до крајот на годината.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата