Голем пожар избувнал вчера попладне на Бит-пазар во Скопје, каде биле зафатени неколку куќи на улицата „Никола Мартиновски“ бр. 33.
На терен интервенирале седум противпожарни возила со вкупно 23 пожарникари, кои го гаснеле огнот во периодот од 17:20 до 20:20 часот, информираат од Центарот за управување со кризи.
Според информациите од ЦУК, во пожарот нема повредени лица, додека висината на материјалната штета дополнително ќе се утврдува.
И по завршувањето на интервенцијата, на локацијата останале дежурни полициски службеници од Полициската станица Бит-пазар.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата