logo
logo
logo

ВЛАДАТА СО ПЛАН ЗА ОХРИД

„НЕМА НАЗАДУВАЊЕ ЗА ОХРИД“ - Муцунски најави план за исполнување на барањата на УНЕСКО

Vecer | 24.07.2026

„НЕМА НАЗАДУВАЊЕ ЗА ОХРИД“ - Муцунски најави план за исполнување на барањата на УНЕСКО

Охридскиот Регион останува на листата на светско наследство на УНЕСКО, но земјава доби нов петгодишен период во кој треба да ги спроведе препораките и да ги надмине забелешките на Комитетот за светско наследство. Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски вели дека инситутциите план и координација за исполнување на обврските. 

„Има заклучоци што се определени од страна на експерскиот сегмент на УНЕСКО, кои се поврзани со повеќе прашања како урбанистичко планирање, заштита на животна средина. Така што, рамката за тоа што треба да се направи ни е јасна. Имаме јасни насоки за тоа што треба да се направи и засилена комуникација. Тоа што нам ни дава импулс е дека одлуката што се донесе ни дава еден подолг период во однос на минатото да постапиме, а секако во рамки на тој период имаме циклични обрски за известување“, изјави Муцунски на денешната прес-конференција посветена на одлуката на Комитетот на УНЕСКО.

Министерот вели дека Владата во соработка со локалната власт во претстојниот период ќе работи ангажирано на сите забелешки, но смета дека задржувањето на статусот на УНЕСКО не треба да значи назадување, туку туристички, економски и социјален развој на Охридскиот Регион.

„Тоа што овој регион го има статусот на УНЕСКО не значи дека треба да назадува. За ова прашање разговаравме и со земјите кои се членки на Комитетот и кај нив има разбирање дека статусот на УНЕСКО истовремено не треба да наштети на развојот на Охрид и Охридскиот Регион. Тука зборувавме за прашња поврзани со клучни инфраструктурни проекти како дел од Коридорот 8 кој поминува низ дел од тие реони“, изјави Муцунски.

На прашањето кои од препораките ќе бидат во фокус во наредниот период, Муцунски вели дека дел од мерките се спроведени во последната година. Вели дека централната и локалната власт ќе работат на сите забелешки, а како еден од најзначајните го спомена сегменот поврзан со урбанистичкото планирање.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk