logo
logo
logo

Недостигаат попишувачи, од пријавените САМО ПОЛОВИНА СЕ ВАКЦИНИРАНИ

Vecer | 13.08.2021

Недостигаат попишувачи, од пријавените САМО ПОЛОВИНА СЕ ВАКЦИНИРАНИ

Директорот на државниот завод за статистика Апостол Симовски вели дека само половина од пријавените попишувачи се вакцинирани, но посочува дека пописот ќе биде безбеден за граѓаните од здравствен аспект.

Тој изјави дека по домаќинствата нема да одат триесет луѓе за да создаваат кластери, туку, според него, ќе оди еден попишувач кој ќе ги почитува сите протоколи.

- Законски немаме право да ги лимитираме попишувачите со вакцинација. Сепак поставуваме такво прашање заради информација, а повеќе од половина од пријавените се вакцинирани, а останатите кои не се, имаат волја да се вакцинираат, рече Симовски на „Сител“.

За оние кои не се вакцинирани, а сакаат тоа да го сторат, првиот човек на Заводот кажа дека во соработка со здравствените власти ќе им обезбедат можност за вакцинација.

Државниот завод за статистика бара 5.600 теренски попишувачи, 1.500 помалку се пријавиле до денеска на истекот на рокот. Нема доволно попишувачи за скопските општини, Струмица и средините со албанско население. Во Охрид најкритично, туристичката сезона ги превзема сите работоспособни граѓани, оценува директорот на заводот за статистика.

Во однос на недостатокот од попишувачи за есенскиот попис на населението директорот на ДЗС истакна дека не станува збор за голем недостаток.

- Не станува збор за преголема бројка на недостаток од попишувачи, некаде околу 1000 - 1500 максимум, заради тоа што сакаме да имаме и лица кои ќе бидат во резерва, да имаме поголем број на кандидати заради избор соодветен не само да ја пополниме онаа бројка која ни треба, додава Симовски.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk