Граѓаните до крајот на годината ги очекуваат уште неколку неработни денови, а октомври носи и можност за два продолжени викенди.
Денот на народното востание – 11 Октомври, годинава се паѓа во недела. Согласно правилата за празниците, неработен ќе биде и следниот ден, понеделник, 12 октомври, со што граѓаните ќе добијат продолжен викенд.
Само единаесет дена подоцна следува уште една можност за тридневен одмор. Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври, годинава се паѓа во петок.
Тоа значи дека викендот од 23 до 25 октомври ќе биде продолжен за сите граѓани.
До крајот на 2026 година, неработен ден за сите граѓани е и 8 декември, вторник, кога се одбележува празникот „Св. Климент Охридски“.
За припадниците на католичката вероисповед, неработни се и 1 ноември – Празникот на сите светци, кој годинава се паѓа во недела, како и 25 декември, петок – првиот ден на Божиќ.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата