logo
logo
logo

Маричиќ: И Евростат потврди дека Законот за попис е во согласност со највисоките стандарди

Vecer | 25.02.2021

Маричиќ: И Евростат потврди дека Законот за попис е во согласност со највисоките стандарди


Министерот за правда Бојан Маричиќ одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието кажа дека од Евростат потврдиле дека Законот за попис и методологијата по која ќе биде спроведен е по највисоките пропишани стандарди кои се воспоставени во сите развиени земји.

„По одговорот кој стигна од Евростат се поклопуваат сите сомнежи на опозицијата и за методологијата и за Законот за попис, како и за начинот на кој ќе се спроведе пописот. Ајде да се обединиме, да ја оставиме дневната политиката на страна и заедно да го спроведеме пописот. Ги повикувам сите политички партии и ги охрабрувам да го направат тоа. Пописот и е потребен пред сè на државата, на нас, на сите граѓани, а не на партиите. Вчера беше донесен и здравствениот протокол за изведување на пописот од страна на Комисијата за заразни болести, па оттука ќе бидат исполнети и сите здравствени протоколи за цел безбедно спроведување на пописот“, потенцираше Маричиќ.

Министерот пред пратениците кажа дека веќе следната недела почнува попишувањето на неколку групи граѓани меѓу кои и на дијаспората. Ќе се попишуваат од понеделник и припадниците на Армијата, лицата во Воспитно-поправни установи, затворите, дипломатите и нивните семејства во странство, како и бездомните лица.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk