Можело, ако не се краде

Малку ли е? Колку премиери во ЕУ можат да кажат - ЦЕНАТА НА СТРУЈАТА ЌЕ БИДЕ СТАБИЛНА!

Vecer | 13.11.2026

Малку ли е? Колку премиери во ЕУ можат да кажат - ЦЕНАТА НА СТРУЈАТА ЌЕ БИДЕ СТАБИЛНА!
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Кога заврши стампедото за добивање лиценци за производтсво на марихуана, започна стампедото по дозвола за трговија со струја во Македонија. Двата феномени на масовен криминал и корупција се во времето на владата на СДСМ и ДУИ. 

Лиценца/дозвола  да тргува со струја добиваа десетици нови фирми, тукушто регистрирани, и остваруваа приходи од 20 до 100 милиони евра за наредните година-две.  Јавноста слушнала за ЕВН, како еден од увозниците/трговците но, дали некој од вас било кога слушнал за другите големи увозници и трговци со електрична енергија? Анонимни, некои од нив без вработени, или со еден до пет вработени и огромен профит.

Стампедото да се добие право за увоз на електрична енергија и трговија со неа доведе до чудни експлозии на огромен профит преку ноќ. Фирми се отвараа од роднини и деловни пријатели на СДСМ и ДУИ па така, во списокот на 100 најсупешни фирми преку ноќ влегуваат десетина кои претходно биле сосема небитни на пазарот. 

Трговијата со електрична енергија е сложен и стручен бзинис. Во најголемите 10 трговци повеќето луѓе во фирмите се од струката и познати во јавноста, но еден дел од нив функцинира со промет од 20 до 100 милиони евра годишно. Како?

Енерџи Фајненсинг Тим ДООЕЛ – Скопје, за која порталите пишуваа дека е капитал на лица од Струмица, имале еден вработен. Во 2022 имал приход од околу 100 милиони евра, а добивката е само 880.000 евра. Во истото време ЕТМТ Енерџи е трета по приход енергетска компанија и е во сопственост на компанијата Енер Трејд од Албанија. Таа во 2022 направила над 215 милиони евра приход и добивка од 15 милиони евра. 

Каква е врската помеѓу ЕЛЕМ/ЕСМ во тоа време и албанската државна енергетска компанија КЕШ, компанијата ЕТМТ Енерџи Скопје (омилен купец на вишоците на струја на ЕЛЕМ/ЕСМ) и компанијата од Тирана ЕНЕРТРЕЈД? Фирмата била формирана во март 2021, а нејзин сопственик е Енер Траде ШПК од главниот град на Албанија. Од регулаторна комисија добила лиценца за трговија со струја само два месеци по основањето. Енер Траде според податоците и тврдењета во јавноста е поврзана со Артур Мицкај кој е сопственик на 50 отсто од фирмата и кој е во тоа време е директор на форумот на млади на социјалистичката партија на Еди Рама.

Дали ги препознавате СДСМ и ДУИ во овие примери, а не се само тие. Ако препознавате не сте единствени. 

Струја се увезувала масовно по високи цени, произведената во Македонија се извезувала по помали цени. Профитот на новите мали лиценцирани трговци од кампот на СДСМ и ДУИ експлодирал. РЕК Битола постојано имале “проблем“ со производстсвото, секако не спонтано и случајно, што давало можност на трговците да се шири бизнисот со се поголем увоз. Ова е состобата: во “златните години“ за нив Македонија увезувала од 26 до 33% од потребната електрична енергија. 

За споредба, првата цела година на власт на владата предводена од ВМРО ДПМНЕ, во 2025-та, Македонија има увоз на струја од само 18%! Во 2026-та, први три квартали, Македонија од сопствено производство покрива од 83% (февруари 2026) до 97% (август 2026) од сопстевно производство. 

Со промена на власта одеднаш проработуваат домашните капацитети за производтсво на струја и ги нема приходите од стотина милиони евра на трговците со струја кои се појавуваа масовно во периодот 2020-2023 година. Некои до нив се во ликвидација или загубиле лиценца поради нагло запрени деловни активности. Алпик енергија, на пример,  во 2020 имала приходи од 22 милиони евра, во 2023-та имале приход од 16 милиони евра без ниту еден вработен... власта се сменила и денес се во ликвидација.

Владата најави дека работи на план за изградба на хидроцентрала Чебрен Галиште што предизвика силен отпор кај компаниите трговци со струја но, и кај нивните партиски пријатели во СДСМ и ДУИ. Тргнаа со познатите хајки и напади врз проектот и владата. Со нова хидроцентрала се намалува нивната моќ за екстремни заработки бидејќи Македонија би имала дополнително домашна струја - без нив, би била енергетски независна. 

Деновиве премиерот Мицкоски, на брифинг со дваесетина новинари, објави детален план за електричната енергија во Македонија со кој би се покриле најмалку 80-90% од потребите, а ТЕЦ Неготино би биле во резерва. По промена на власта главниот производител на струја, РЕК Битола, сега работи нормално, а на време е обезбеден јаглен од увоз по цени кои се помали од сегашните пазарни. Значи, можело и поинаку од порано?!

Мицксоки изјави: “Како што и самите знаете Европа се соочува со исклучитено тешка енергетска состојба, цените на струјата постојано растат но, ние имеме план за стабилно снабдување по сегашната цена или со многу мало зголемување кој се темели на производство на електрична енергија од домашни извори...“

Малку премиери во Европа, особено во Европската унија, можат да дадат ваква изјава. Не можат затоа што се влезени во енергетска криза без видлив план за скоро решение.  Македонија е една од државите со најниски цени на електрична енергија во Европа.

Резултат: 

Просечната цена на електричната енергија за домаќинствата во Македонија во првата половина од 2026 година изнесувала 11,68 евра за 100 киловат-часа, наспроти 28,32 евра во Европската Унија, покажуваат податоците на „Евростат“. Тоа значи дека струјата во земјава била за 58,8 проценти поевтина од европскиот просек. Пониска цена од Македонија имала единствено Унгарија, каде што 100 киловат-часа чинеле 11,39 евра.

Највисоки цени во ЕУ биле регистрирани во Ирска, со 38,71 евро за 100 киловат-часа, Германија со 36,18 евра и Белгија со 35,75 евра. Во регионот, повисоки цени од македонските имале Романија, Грција, Словенија, Хрватска, Бугарија, Србија и Албанија, додека поевтина струја плаќале домаќинствата во Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово и во Турција.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk