logo
logo
logo

МАКЕДОНСКОТО НЕБО ДОБИВА НОВА „ЗАШТИТА“ - Во употреба нов систем за побезбеден воздушен сообраќај

Vecer | 14.08.2026

МАКЕДОНСКОТО НЕБО ДОБИВА НОВА „ЗАШТИТА“ - Во употреба нов систем за побезбеден воздушен сообраќај

Во употреба е ставен нов АТМ систем со кој се модернизира македонската воздухопловна навигација и се зголемува безбедноста на воздушниот сообраќај. Од М-НАВ велат дека новиот систем не е само нова опрема, туку стабилна технолошка основа врз која ќе се развива целата воздухопловна навигација во земјава. Новината доаѓа во период кога бројот на летови над македонското небо значително расте, а со новите решенија се очекува и намалување на оптоварувањето на контролорите на летање.

– Со новиот систем пред сè ја стабилизираме М-НАВ како давател на услуги и обезбедуваме поголемо ниво на сигурност, а ова е особено важно кога воздушниот сообраќај на македонското небо бележи енормен пораст. Една од важните придобивки е и намалување на оптоварување на контролорите на летање. Со подобра автоматизација, презентација и обработка на податоците и современите алатки кои се користат при рутинските работи на контролорите на летање, се создаваат условите поефикасно и побезбедно истите да се справуваат со воздушните операции. Тоа директно влијае на зголемување на капацитетот на македонскиот возодушен простор – појасни Владимир Ристески, претседател на УО и Извршен директор на Секторот за воздухопловна навигација на денешната прес-конференција.

Тој соопшти и дека до крајот на септември се очекува да се пушти во употреба и новиот радар кој е инсталиран на контролната кула во Скопје.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk