logo
logo
logo

КУФЕРОТ СПАКУВАН, А ВРАТАТА СE УШТЕ ЗАКЛУЧЕНА: Јакимовски чека бирократијата да заврши

Vecer | 11.09.2026

КУФЕРОТ СПАКУВАН, А ВРАТАТА СE УШТЕ ЗАКЛУЧЕНА: Јакимовски чека бирократијата да заврши

Стевчо Јакимовски и понатаму се наоѓа во затворот „Скопје“, иако Врховниот суд ги укина и првостепената и второстепената осудителна пресуда против него и предметот го врати на повторно судење. По одлуката на највисокиот суд, Јакимовски сè уште не е пуштен од затвор, додека траат процедурите за спроведување на одлуката.

Причината е што одлуката на Врховниот суд сè уште не е доставена во писмена форма до сите странки во постапката, вклучително и до затворот.

„Сè додека сите страни не ја добијат писмената одлука, вклучувајќи го и КПУ Скопје, Јакимовски ќе остане во затвор“, изјавил неговиот адвокат Виктор Цветковски.

Врховниот суд на 9 септември го уважи барањето на Јакимовски за вонредно преиспитување на правосилната пресуда, ги укина одлуките на Кривичниот и Апелацискиот суд и предметот го врати на повторно постапување.

Со доставувањето на писмената одлука треба да се создадат услови Јакимовски да биде пуштен на слобода додека трае новата постапка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk