logo
logo
logo

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА 25-ГОДИШНИК ОД СКОПСКО: Осомничен за полов напад врз 14-годишно девојче со кое бил во врска

Vecer | 18.08.2026

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА 25-ГОДИШНИК ОД СКОПСКО: Осомничен за полов напад врз 14-годишно девојче со кое бил во врска

Кривична пријава ќе биде поднесена против 25-годишен маж од Скопско, осомничен за полов напад врз 14-годишно девојче со кое, според пријавата, бил во љубовна врска. Полицијата утрово извршила службен разговор со А.С. во Полициската станица Кисела Вода, по пријава од мајката на 14-годишното девојче, а по целосното документирање на случајот СВР Скопје најави кривична пријава согласно член 188 од Кривичниот законик.

„На 18.08.2026 во 09:00 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со А.С.(25) од Скопско, постапувајќи по претходна пријава од 48-годишна жена дека извршил обљуба врз нејзината 14-годишна ќерка со која биле во љубовна врска. По целосно документирање на случајот Единицата за насилен криминал-Одделението за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ‘полов напад врз дете’ по член 188 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk