logo
logo
logo

Комисијата НЕ ПОПУШТА ЗА УЧЕБНИЦИТЕ, Гоце Делчев не е дојден на ред

Vecer | 26.02.2021

Комисијата НЕ ПОПУШТА ЗА УЧЕБНИЦИТЕ, Гоце Делчев не е дојден на ред

Нема напредок во разговорите на заедничката комисија за историски и образовни прашања помеѓу Македонија и Бугарија и покрај дводневната средба која заврши денеска.

Како што  беше соопштено не била постигната согласност како во однос на дискусијата за учебниците по историја, така и за прашањата поврзани со средновековието.

Според информациите прашањето за Гоце Делчев и негово евентуално заедничко чествување, не било воопшто отворено, иако било на дневен ред.

Според предложениот дневен ред за работа, соопштија денеска од МНР, тема на дискусија биле прашањата поврзани со содржината на Записникот од 10. средба, изготвување на препораки за учебниците по историја со цел надминување на споровите кои произлегуваат од различните и силно исполитизирани толкувања на минатото и усогласување на текст препорака за заедничко чествување на Гоце Делчев.

-Во однос на прашањата со записникот, членовите на Комисијата го усвоија записникот и беше утврдено во текот на месец март членовите на Комисијата да работат на усвојување на записникот од 11. средба и Годишниот извештај на Комисијата.

- Во однос на дискусијата за учебниците по историја, како и на претходната средба, не беше постигнат напредок. И покрај конструктивната дискусија и желбата да се постигне напредок, не беше постигната согласност во однос на прашањата поврзани со средновековието.

Остануваат големите разлики во пристапите и разбирањето на улогата на историското образование и образовните политики.

Со оглед на продолжената на дискусијата за учебниците по историја, на оваа средба, Комисијата не го отвори прашањето за Гоце Делчев и негово евентуално заедничко чествување, иако беше на дневен ред, се наведува во соопштението од МНР.

Дискусијата по овие теми, најавуваат во соопштението од МНР, ќе продолжи на следната средба на Комисијата, која треба се одржи на 22 и 23 април 2021 година. (МИА)

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk