logo
logo
logo

Ќучук: Тоа што сум Бугарин не ме спречува да разговарам за барањата на Бугарија и очекувањата на Македонија

Vecer | 20.02.2021

Ќучук: Тоа што сум Бугарин не ме спречува да разговарам за барањата на Бугарија и очекувањата на Македонија

Скопје е подготвено за разговор со Софија, но постои голема разлика помеѓу бугарските барања и очекувањата на Република Македонија, изјави бугарскиот европратеник и известувач на Европскиот парламент за земјава, Илхан Ќучук за Бугарската национална телевизија (БНТ).

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Ќучук оцени дека како постојан известувач на Европскиот парламент за Република Македонија има одговорна позиција, која бара од него да ја координира целокупната политика на ЕУ, но од друга страна, фактот што е бугарски политичар, не го спречува да влезе во разговор за односот помеѓу двете земји и да покрене прашања што го засегаат.

Пред сите официјални лица го покренав прашањето за запаленото бугарско знаме, за сквернавењето на симболите, но со иста тежина и исти аргументи и за правата на бугарските граѓани, на луѓето кои чувствуваат бугарска самосвест, како и за правата на сите други малцински групи, рече Ќучук.

Според него, не може да се зборува за човекови права и слободи само кога доаѓаат избори и само кога тоа е важно од гледна точка на еден или друг интерес.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk