logo
logo
logo

Каракачанов: Бајден може да има само свое мислење за Македонија и ништо повеќе

Vecer | 21.02.2021

Каракачанов: Бајден може да има само свое мислење за Македонија и ништо повеќе

Нема политичар во светот, па макар тоа е и Џо Бајден, кој може да ја промени бугарската политика во спорот со Македонија, изјави денеска бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов, во разговорот за бугарската национална телевизија.

Запрашан дали Бугарија може да го промени својот став под притисок на американскиот претседател Џо Бајден, Каракачанов одговори:

– Џо Бајден има право на сопствено мислење толку колку што имам јас право на сопствено мислење. Во мојата држава Бугарија еден обичен бугарски граѓанин има повеќе право на мислење од кој било претседател на голема сила, па макар тоа биле и САД. Тоа е. Не гледам кој бугарски политичар и под чиј притисок ќе го промени решението на парламентот. Што би добила Бугарија од тоа? Ништо.

Тој уште тврдеше дека откако во ноември Бугарија го блокира почетокот на преговорите со ЕУ се засилил притисокот врз Бугарите во Македонија.

– Еден висок функционер во Министерството за одбрана побара сите што се Бугари да бидат екстрадирани од Македонија во Бугарија. Друг функционер објави список на Бугари во Македонија кои треба да бидат притворени и тепани. Трет функционер имаше грозна изјава кон министерката за надворешни работи Екатерина Захариева – вели вицепремиерот на Бугарија.

Каракачанов уште додаде:

– Не гледам зошто американскиот претседател Бајден или друг висок странски политичар би поддржал една ваква политика на Скопје.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk