logo
logo
logo

Забраната не го спречила да седне зад волан

ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ, ПА ОДБИЛ АЛКОТЕСТ: Кичевец возел под забрана и заврши со лисици

Vecer | 09.09.2026

ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ, ПА ОДБИЛ АЛКОТЕСТ: Кичевец возел под забрана и заврши со лисици

Утрово во 03:10 часот на магистрален пат Охрид – Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Д.С.(32) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Тој, со возилото „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, на кружен тек на ул.„Борис Кидрич“ удрил во бетонски рабник и излетал од патот. При преземање мерки во врска со незгодата било констатирано дека го управувал возилото за време на активна забрана за управување со моторно возило од Б категорија. Тој одбил да му биде извршен алкотест, а по наредба на јавен обвинител возилото е одземено.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk