По спектакуларниот настап на светската музичка ѕвезда Дејвид Гета, забавата пред Арената „Тодор Проески“ продолжи во поинаков, но подеднакво празничен ритам. Публиката ја продолжи прославата со „Бисер балкански“, македонска музика и традиционални ора, претворајќи го просторот пред Арената во место исполнето со песна, игра и празнична атмосфера. Од светските хитови на Гета до македонскиот фолклор – вечерта заврши во знакот на музиката, традицијата и добрата забава.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата