logo
logo
logo

Кој се препозна во зборовите на Мицкоски?

„ЗОШТО СЕ ПРЕПОЗНАВТЕ?“: ВМРО-ДПМНЕ со порака до СДСМ и Филипче

Vecer | 09.09.2026

„ЗОШТО СЕ ПРЕПОЗНАВТЕ?“: ВМРО-ДПМНЕ со порака до СДСМ и Филипче

Политичките препукувања меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ продолжуваат по говорот на премиерот Христијан Мицкоски на одбележувањето на 8 Септември. Откако СДСМ и Венко Филипче го критикуваа неговото обраќање, од ВМРО-ДПМНЕ возвратија дека тие самите се препознале во зборовите на премиерот. Од партијата посочуваат дека Мицкоски во својот говор никаде не ги спомнал ниту СДСМ ниту Филипче како „талог во општеството“, па оттаму прашуваат зошто тие се почувствувале прозвани.

„Очигледно сами си се препознаа“, велат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека, според нив, станува збор за реакција која ја покажува „фројдовската“ состојба во СДСМ.

Од владејачката партија обвинуваат дека СДСМ, како што наведуваат, е „фабрика за нихилизам и поделби“ и дека дури и прославата на 8 Септември ја користи за создавање поделби и ширење омраза.

ВМРО-ДПМНЕ оценува дека фрустрациите и зависта во СДСМ се на „највисоко ниво“, поради што, како што велат, не се изненадени што претставниците на опозициската партија се препознале во терминот „талог“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk