logo
logo
logo

„ИМ ПРЕЧИ МАКЕДОНШТИНАТА“- ВМРО ДПМНЕ жестоко до СДСМ по критиките за спотот

Vecer | 11.08.2026

„ИМ ПРЕЧИ МАКЕДОНШТИНАТА“- ВМРО ДПМНЕ жестоко до СДСМ по критиките за спотот

ВМРО-ДПМНЕ ги отфрли обвинувањата на СДСМ за спотот по повод 35-годишнината од независноста, оценувајќи дека опозициската партија се обидува да ја омаловажи прославата на државниот празник. Од владејачката партија појаснуваат дека спорниот приказ на знамето е дел од уметничка инсталација во која е прикажана рефлексија на сонцето, а не промашување на државниот симбол.

„Им пречи македонштината, им пречи историјата, им пречи убавината. Им пречи тоа што наши македонски изведувачи, актери и пејачи, ја шират македонската приказна, ги цитираат стиховите на Рацин, на Конески. Им пречи што се пеат стари народни македонски песни. Им пречи тоа што веќе нема поделби. Им пречи што сите се едни до други во оваа македонска приказна“, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски.

ВМРО-ДПМНЕ го обвини СДСМ за децениско уништување на државата, менување на знамето, името и Уставот, како и прифаќање штетни договори на сметка на граѓаните.

„Ние од нив друго и не очекуваме. Политички лешинари и глодари, таков талог на општеството, 35 години ја уништуваше Македонија. Истиот тој талог, го промени знамето два пати, името два пати, Уставот неколку пати, го избришаа дури и АСНОМ. Ги прифатија сите срамни предавства на штета на Македонија, за тие да си ги полнат своите џебови“, додаде Манасиевски.

Од партијата порачуваат дека времето на коленичење и потчинување е завршено и дека Македонија се возобновува од децениската негрижа на талогот и предавниците.

Од СДСМ денеска посочија дека токму на денот кога во 1992 година се усвоени македонското знаме и химна, Владата направила дебакл со прикажување погрешна верзија на знамето, а реакцијата на властите дека станува збор за „уметничка инсталација“ ја нарекоа трагикомична.

Опозициската партија обвинува дека во видеото објавено по повод прославата се изоставени клучните државни достигнувања, како што се зачленувањето во ОН, НАТО и добивањето кандидатски статус за ЕУ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk