Игор Спасов ВРАТЕН ВО ИДРИЗОВО!?

Vecer | 05.03.2021

Игор Спасов ВРАТЕН ВО ИДРИЗОВО!?
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Игор Спасов е вратен во Идризово, после една година и три месеци откако избега од Македонија.

Спасов беше фатен во Бугарија, откако буугарската полиција го уапси поради семејно насилство.

Бегалецот Спасов е ектрадиран и спроведен во најголемиот затвор во државава со силно полициско обезбедување, објави МКД.мк

Министерството за правда побара екстрадиција на бегалецот Игор Спасов од бугарските власти и откако бeше комплетирана целата документација, беше одобрена екстрадиција на Спасов.

Директорот на затворот, Јовица Стојановиќ за МКД.мк вели дека и за Спасов како и за останатите кои доаѓаат во затворот, ќе важат истите правила за заштита од ковид-19. Тој ќе биде во 14 дневна изолација, но поради бегството ќе му бидат ограничени правата и нема да може да добие викенд отсуство.

„По барањето на Министерството за правда до бугарските органи за екстрадиција на лицето Игор Спасов назад во Северна Македонија, на 26.02.2021 Градскиот суд во Софија, донесе одлука да дозволи негова итна екстрадиција назад во земјата. Барањето за екстрадиција на 10.02.2021 го потпиша Министерот за правда Бојан Маричиќ“, соопштија денес од Министерството за правда.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk