ПАРИ И ДОКУМЕНТИ ЗА ИЗНУДА, ИСТРАГА ЗА КРИМИНАЛ ОД 2021 ГОДИНА: Петмина ќе добијат кривична пријава по акцијата во Куманово

Vecer | 05.11.2026

ПАРИ И ДОКУМЕНТИ ЗА ИЗНУДА, ИСТРАГА ЗА КРИМИНАЛ ОД 2021 ГОДИНА: Петмина ќе добијат кривична пријава по акцијата во Куманово
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, соопшти дека пет лица ќе бидат опфатени со кривична пријава по големата полициска акција во Куманово, во која беше уапсен Драган Петровски, познат како Штука.

Според Јанев, претресите биле извршени во раните утрински часови од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во содејство со специјалните полициски единици. При претресите биле пронајдени поголема сума пари и документација за позајмување пари и изнуда.

Поради пронајдената документација, истрагата била проширена и во нотарска канцеларија во Куманово. Известена била и Народната банка, која врши контрола во менувачница поврзана со брат на еден од осомничените, за да се провери потеклото на пронајдените пари.

По налог на надлежниот јавен обвинител ќе бидат одземени и возила, телефонски апарати, документација и други предмети што можат да бидат значајни за истрагата.

Јанев посочи дека станува збор за организирана криминална група чии активности, според обезбедената документација, траеле од 2021 година до денес, односно повеќе од пет години на подрачјето на Куманово.

Кривичната пријава ќе биде поднесена во координација со Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk