logo
logo
logo

И Македонија САКА ТУРСКИ ДРОН БАЈРАКТАР?

Vecer | 27.01.2023

И Македонија САКА ТУРСКИ ДРОН БАЈРАКТАР?

Грчкиот медиуми објавуваат дека во Македонија се развива идеја од Турција да се купат дронови Bayraktar TB2. Според грчките медиуми, Скопје ќе разговара со Анкара, за нови воени договори. Се вели дека Северна Македонија ќе побара и Bayraktar TB2 SİHA од Турција на овие состаноци, пренесува турскји Haberler.

Турските дронови Сиха, чие име многу се споменуваше во последните години, продолжуваат масовно да се бараат од другите земји.

Грчкиот медиумски сајт „Слпрес“ напиша дека Македонија сака да се приклучи на „Турскиот воен клуб“. Се пренесува и изјава од македонскиот претседател Стево Пендаровски дека продолжуваат преговорите за набавка на беспилотно летало од типот Бајрактар.

Од друга страна, Пендаровски сигнализирал воена соработка со Турција во наредниот период, велејќи дека руските напади врз Украина „го прават тоа сè поитно“. Пендаровски потсетил дека военото партнерство меѓу двете земји започнало многу одамна и дека многу високи офицери од Армијата на Северна Македонија биле обучувани во турските воени училишта.

Прашан дали на дневен ред на Скопје е набавка на летала од Турција, Пендаровски рекол дека во последната година и половина направиле нови аранжмани за набавка на дел од воената опрема и оружје од Турција, додавајќи: „Се разбира, ова е чувствително прашање и не би сакал детално да разговарам за тоа пред сите“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk