logo
logo
logo

ГУЖВИ НА ПАТИШТАТА, ГРАНИЦИТЕ ПРООДНИ: АМСМ со апел до возачите да внимаваат на брзината

Vecer | 25.08.2026

ГУЖВИ НА ПАТИШТАТА, ГРАНИЦИТЕ ПРООДНИ: АМСМ со апел до возачите да внимаваат на брзината

Зголемен е сообраќајот на патиштата надвор од градските средини, особено во попладневните часови, информираат од Автомото сојузот на Македонија. И покрај поголемиот интензитет на сообраќајот, засега нема подолги задржувања на граничните премини од македонска страна, ниту при влез ниту при излез од државата. Од АМСМ апелираат до возачите да ја приспособат брзината и да бидат внимателни во сообраќајот.

„На патните правци надвор од градските средини е забележан зголемен интензитет на сообраќај. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Апелираме до возачите да ја прилагодат брзината, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и внимателно да управуваат со возилата“, соопштуваат од АМСМ.

Од Сојузот особено предупредуваат на патиштата кои минуваат низ котлини, речни долини и клисури, каде што постои можност од појава на одрони.

Зголемено внимание се препорачува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од АМСМ апелираат возачите да не ја приспособуваат брзината само според дозволениот максимум, туку и според условите на патот, сообраќајот и видливоста.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk