logo
logo
logo

2,5 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ КАПАЦИТЕТ: „Теса енерџи“ пушти во употреба когенеративна постројка

Vecer | 12.09.2026

2,5 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ КАПАЦИТЕТ: „Теса енерџи“ пушти во употреба когенеративна постројка

Компанијата „TESSA Energy“ денеска ја пушти во употреба новата когенеративна постројка во поранешната Топлана Скопје Север, инвестиција вредна 2,5 милиони евра. Новите два генератори ќе произведуваат 2,1 мегавати електрична и 2,6 мегавати топлинска енергија, со што се зголемуваат капацитетите за производство на енергија.

Ова, според управителот на компанијата, е само првата фаза од поголем инвестициски план. Во втората фаза се предвидува дополнителна инвестиција од 10 милиони евра, со крајна цел локацијата да прерасне во современ енергетски центар.

– За нас ова не беа само деловни одлуки, презедовме многу важен енергетски објект но и одговорност да го зачуваме и дополнително да го модернизираме системот што обезбедува топлинска енергија за домаќинствата и останатите објекти во Чаир и Бутел. Но, ние не застанавме само на тоа. Уште тогаш имавме многу јасна визија да ја модернизираме постојната инфрастуркура и да ја трансформираме во современ центар за комбинирана топлинска и електрична енергија, рече Ајри Шеј.

Според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, оваа инвестиција е показател дека и домашните компании можат да прават зелена транзиција.

– Ова е многу важно затоа што домашни компании покажуваат дека можат да се во чекор со највисоките светски трендови. Како Министерство за транспорт ќе продолжиме да ги поддржуваме овие инвестиции и во најбрз можен рок да ги завршуваме сите административни процедури за да имаме уште повеќе вакви инвестиции затоа што зелената економија и е потребна на државата, рече Николоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk