logo
logo
logo

ФОТОГАЛЕРИЈА | ПАДНАА ДИЛЕРИ ВО ШТИП - Двајца турци фатени при продажба на марихуана, пронајден и кокаин

Vecer | 10.08.2026

ФОТОГАЛЕРИЈА | ПАДНАА ДИЛЕРИ ВО ШТИП - Двајца турци фатени при продажба на марихуана, пронајден и кокаин

Двајца турски државјани се уапсени во Штип при продажба на марихуана на 23-годишен штипјанец. Полицијата ги затекнала на дело во саботата вечерта на Штипски сокак, по претходно добиени сознанија за недозволена трговија со дрога.

Од Министерството за внатрешни работи денеска информираа дека, по претходно добиени сознанија и преземени мерки, во саботата околу 22:00 часот на Штипски сокак, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип ги затекнале лицата М.Б. и М.Џ.У.(24) од Турција, со привремен престој во Штип, при продажба на марихуана на Ф.Р.(23) од Штип.

Притоа, од слобода бил лишен Ф.Р. и кај него била пронајдена марихана, додека, М.Б. и М.Џ.У. побегнале, но набргу М.Џ.У. бил фатен и лишен од слобода. Кај него биле пронајдени марихуана и нож.

За настанот биле запознаени јавен обвинител и судија на претходна постапка, по што полициски службеници отишле во домот на М.Б., каде што ја затекнале А.Б.(21) од Турција, исто така, со привремен престој во Штип.

Од извршениот преглед во станот биле пронајдени и одземени неколку ќеси и повеќе пакувања со марихуана и бела прашкаста материја и дигитална вага.

Од МВР посочуваат дека М.Џ.У., А.Б. и Ф.Р. биле задржани во полициска станица и вчера, со судска наредба, бил извршен претрес во домот во кој престојува А.Б. во Штип, при што биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка, пари во различни валути и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

„Во врска со настанот поднесена е кривична пријава, а на лицата М.Џ.У. и А.Б. им е одредена мерка притвор“, додаваат од МВР.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk