logo
logo
logo

ФОТОГАЛЕРИЈА | КРАЈ ЗА „ВОЗАЊЕТО“ НА СМЕТКА НА ГРАДОТ: Сите службени возила во Скопје под GPS контрола

Vecer | 21.08.2026

ФОТОГАЛЕРИЈА | КРАЈ ЗА „ВОЗАЊЕТО“ НА СМЕТКА НА ГРАДОТ: Сите службени возила во Скопје под GPS контрола

Сите службени возила на Град Скопје и јавните претпријатија ќе бидат ставени под GPS контрола, со цел поголема транспарентност и намалување на трошоците. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски најави дека мерката треба да донесе поголема контрола и значителни заштеди во работењето на градските служби.-Кога со парите на граѓаните се раководи како со сопствениот домашен буџет, тогаш се внимава на секој денар, секој трошок и на секоја можна злоупотреба.

Затоа, сите службени возила со кои располагаат Град Скопје и јавните претпријатија се опремени со GPS уреди и се следат преку современ мониторинг центар.

Системот овозможува во реално време да се знае каде се наоѓа секое возило, по која маршута се движи, со која брзина, колку време е во движење, но и колкава е реалната потрошувачка на гориво.

Дополнително, преку специјални сонди се контролира и нивото на гориво, со што директно ги лоцираме нелогичните трошоци и ја оптимизираме работата.

Секое возило, секој километар и секој литар гориво мора да има оправдување.

Ова е систем на одговорност и затоа сакаме со сопствен пример да покажеме дека Град Скопје максимално го штити буџетот на граѓаните и дека функцијата не е привилегија, туку обврска.

Затоа, почнуваме од себе.

Јас користам сопствено возило и горивото го плаќам од сопствениот буџет.

Службеното возило кое во минатото го користеле градоначалниците е ставено на располагање за потребите на градот.

А дека домаќинскиот пристап носи резултати, покажуваат и бројките.

ЈСП – Скопје во првите шест месеци бележи заштеда од половина милион евра за гориво, со дополнително вклучени 50 возила, споредено со првите шест месеци од истиот период лани.

И тоа е само дел од промените што ги правиме.

Секој денар што ќе го спасиме од непотребно трошење е денар повеќе за улици, паркови, јавен превоз, училишта, култура и подобар живот за скопјани.

Нема да дозволиме парите на народот да истекуваат низ нечии привилегии и неодговорност.

Воведуваме ред, контрола и домаќинско работење, затоа што градскиот буџет е сопственост на граѓаните.

Работиме одговорно, чесно и во интерес на нашиот народ.

Скопје мора да биде пример како се управува со јавни пари, напиша скопскиот градоначалник.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk