logo
logo
logo

ФОТО | ВМРО - ДПМНЕ ЖЕСТОКО ДО СДСМ ЗА БОМБАТА ВО БАРДОВЦИ - „Немаат докази само шарена приказна и шпекулации“

Vecer | 18.08.2026

ФОТО | ВМРО - ДПМНЕ ЖЕСТОКО ДО СДСМ ЗА БОМБАТА ВО БАРДОВЦИ - „Немаат докази само шарена приказна и шпекулации“

Веста за експлозивната направа во Бардовци предизвика нова политичка пресметка меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Владејачката партија реагира на изјавите на генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, обвинувајќи ја опозицијата дека изнесува неточни тврдења и шпекулации за инцидентот. Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека Министерството за внатрешни работи веќе го објавило случајот во полицискиот билтен.

„Прво, МВР има информирано за инцидентот во својот билтен. Ете доказ на фотографијата“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму реагираат и на тврдењето дека експлозивната направа била фрлена во домот на полицискиот службеник, посочувајќи дека станувало збор за домот на неговиот татко.

„Второ, не е точно дека е фрлена бомба во домот на полицаецот, туку во домот на неговиот татко“, стои во реакцијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ дополнително обвинуваат дека СДСМ не презентирал докази за наводите што ги изнел на прес-конференцијата, туку, како што велат, станува збор за шпекулации.

„Трето, СДС нема докази, само шарена приказна и шпекулации“, наведуваат од партијата.

Реакцијата следува откако СДСМ побара од Обвинителството да ги провери наводите за можната поврзаност на инцидентот со наводни провизии и тендери.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk