ФОТО | КРАЈ НА ГУЖВИТЕ НА ТАБАНОВЦЕ: МВР со важна информација за патниците

Vecer | 22.08.2026

ФОТО | КРАЈ НА ГУЖВИТЕ НА ТАБАНОВЦЕ: МВР со важна информација за патниците
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Сообраќајот на граничниот премин Табановце повторно се одвива без поголеми задржувања, информира Министерството за внатрешни работи. Претходно беа регистрирани подолги чекања поради постапувањето со возила со странски регистарски ознаки кај кои системот „Безбеден град“ евидентирал сообраќајни прекршоци.

Дополнително, ставена е во функција мобилната апликација „Безбеден град“, која во оваа фаза е наменета за странски државјани. Преку апликацијата тие можат да добијат информации за евидентираните прекршоци и издадените платни налози, како и да ги подмират глобите по електронски пат.

Со воведувањето на апликацијата се олеснува и забрзува постапката за регулирање на сообраќајните прекршоци, што придонесе за нормализирање на сообраќајот и намалување на задржувањата на Граничниот премин Табановце.

Министерството за внатрешни работи продолжува со преземање на сите потребни мерки за обезбедување непречен проток на возила и патници преку граничните премини.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk