logo
logo
logo

Цигари во вредност од околу девет милиони денари

ФОТО + ВИДЕО | ФАТЕН СО 5.000 ШТЕКИ ЦИГАРИ СКРИЕНИ ВО КАМЕНА ВОЛНА - Српски возач приведен на богородица

Vecer | 28.07.2026

ФОТО + ВИДЕО | ФАТЕН СО 5.000 ШТЕКИ ЦИГАРИ СКРИЕНИ ВО КАМЕНА ВОЛНА - Српски возач приведен на богородица

Во акција на царинските службеници на граничниот премин Богородица заплените се 5.000 штеки цигари со проценета вредност од околу девет милиони денари. Цигарите биле откриени при контрола на товарен камион кој бил пријавен за транзит од Грција кон Србија, а српскиот возач е приведен под скомнение за криумчарење. Против него е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Гевгелија. 

„Со камионот пријавен за транзит од Грција за Србија, согласно приложената документација, биле превезувани градежни материјали – камена волна. При извршената детална контрола, царинските службеници над палетите со пријавената стока откриле 100 необележани кутии со по 50 штеки цигари, односно вкупно 5.000 штеки цигари без акцизни маркички, кои не биле пријавени“, посочуваат од Царина.

Оттаму порачаа дека со оваа акција Царинската управа ги потврдува своите заложби во сузбивање на нелегална трговија со цигари и спречување на прекуграничен криминал во меѓународни размери.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk