logo
logo
logo

Четири децении со Струшките вечери: „ЦВЕЌЕ, ПОЕЗИЈА, МИР“ ОД УМЕТНИКОТ ЖИВКО ПОПОВСКИ-ЦВЕТИН

Vecer | 23.06.2026

Четири децении со Струшките вечери: „ЦВЕЌЕ, ПОЕЗИЈА, МИР“ ОД УМЕТНИКОТ ЖИВКО ПОПОВСКИ-ЦВЕТИН

Со 40 сопствени уметнички слики и 40 факсимили од добитници на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата, на наградата „Браќа Миладиновци“ и други наградени поети, македонскиот уметник и хуманист Живко Поповски – Цветин ќе одбележи четириесет години учество на најпрестижната поетска манифестација.

Изложбата насловена „Цвеќе, поезија, мир“ ќе биде отворена утре во холот на хотел Дрим, во Струга, а за јавноста ќе биде достапна до понеделник.

Изложбата ќе ја отвори директорот на фестивалот Струшки вечери на поезијата, Никола Кукунеш, а македонската певица Серафина Фантаузо ќе изведе неколку музички дела.

– Додека трае изложбата, ќе се организира перформанс на Дрвениот мост на истекот на Црн Дрим под наслов „Цвеќе, поезија, мир – по љубовниот пат на јагулата“ и друг перформанс со поети од манифестацијата „Охридски бисер“. Познатиот македонски поет Горан Анчевски ќе ја интерпретира песната „Кај ја научи таа магија пријатели“ од Петре М. Андреевски, во пресрет на неговиот роденден, која во ракопис му ја посветил на Живко Поповски – Цветин уште во 1986 година во Струга, соопшти пи ар тимот на Цветин.

Цветин, според најавата, на добитничката на Златниот венец, холандската поетеса Анеке Брасинга ќе и подари слика „Цвеќе на мирот“ и ќе ја врачи Цветиновата награда за мир на Управниот одбор на СВП, а ќе подари слики на сите учесници на Струшките вечери на поезијата и на добитниците на значајни признанија на оваа манифестација.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk