Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Скопје, ЕВР – ОКР Карпош, денеска постапувајќи по претходно добиени сознанија за точење алкохолни пијалаци на малолетни лица во угостителски објект на подрачјето на општина Карпош, извршиле контрола во објектот, при што затекнале малолетни лица во видно алкохолизирана состојба.
-Во Полициската станица Карпош биле приведени осум лица. При извршеното алкотестирање кај сите осум лица било утврдено присуство на алкохол во организмот. Едно лице кое било присутно во угостителскиот било пренесено на Клиниката за токсикологија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, информира МВР.
По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок по член 204 од Кривичниот законик – „Точење алкохолни пијалаци на малолетници“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата