(Видео) „ВАРДАРСКА“ и „БУГАРСКО-АЛБАНСКА“, грчки европратеник со провокација кон Македонија

Vecer | 07.10.2026

(Видео) „ВАРДАРСКА“ и „БУГАРСКО-АЛБАНСКА“, грчки европратеник со провокација кон Македонија
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Грчкиот европратеник Емануил Фрагос Фрагулис, претставник на националистичката партија Грчко решение, повторно го отвори македонското прашање со провокативна објава на Фејсбук. Во неа Македонија е наречена „непостоечка државичка“, населена претежно со Бугари и Албанци.

„Порака до Урсула фон дер Лаен: Скопје е непостоечка државичка, главно со бугарско-албанско население, на грчки територии“, се наведува во објавата на неговиот профил, придружена со видео што содржи историски карти и политички пораки.

Во видеото се појавува карта на која територијата на Македонија е означена како „Вардарска“, заедно со натписот „Бугарско-албанска“, со што директно се оспоруваат македонскиот национален идентитет и државноста.

Фрагос е европратеник од 2019 година и член на групата Европски конзервативци и реформисти во Европскиот парламент. Неговата партија, предводена од Киријакос Велопулос, е позната по силно националистички позиции и по отворено противење на Преспанскиот договор.

Особено е индикативно што ваквите пораки се упатуваат директно до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, а доаѓаат од политичар кој има мандат да ги претставува европските граѓани во една од клучните институции на Европската Унија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk