logo
logo
logo

РЕФОРМИ СО ВИДЛИВ ЕФЕКТ : Македонскиот модел за побрзи граници доби „зелено светло“ и од Тирана

Vecer | 20.06.2026

РЕФОРМИ СО ВИДЛИВ ЕФЕКТ : Македонскиот модел за побрзи граници доби „зелено светло“ и од Тирана

Заедничкиот граничен премин „One Stop Shop“ на Ќафасан меѓу Македонија и Албанија влегува во финална фаза. По одлуката на македонската влада од 16 јуни, деновиве и албанската влада даде „зелено светло“ за воведување на системот со кој граничните проверки ќе се вршат со само едно запирање.

Наместо две одделни контроли кои досега создаваат километарски колони, новиот модел носи спојување и координација на полициските и царинските служби од двете земји. Ова технички не значи укинување на контролите, туку попаметна администрација која треба драстично да го скрати времето на чекање за патниците, туристите и транспортерите по должината на Коридорот 8.

Заменик-министерот за внатрешни работи, Астрит Исени, веќе оствари работна средба на Ќафасан со локалните власти од Струга, Поградец и Корча за практично усогласување на протоколот. Планот е системот најпрво да стартува на овој премин, а потоа да се прошири и на останатите гранични точки меѓу двете држави. Целиот проект ја има и поддршката на ОБСЕ, од каде нотираат дека заедничките проверки ќе ја зајакнат безбедноста и ќе овозможат побрза реакција против прекуграничниот криминал.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk