БУГАРИТЕ ДА СЕ ВНЕСАТ ВО МАКЕДОНСКИОТ УСТАВ, порачува Еди Рама

Vecer | 18.11.2026

БУГАРИТЕ ДА СЕ ВНЕСАТ ВО МАКЕДОНСКИОТ УСТАВ, порачува Еди Рама
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Албанскиот премиер Еди Рама вчера изјави дека смета оти Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав.

Во интервју за Бугарската национална телевизија (БНТ), тој истакна дека нема причина за несогласувања околу ова прашање, бидејќи внесувањето на бугарското малцинство произлегува од договорот меѓу Скопје и Софија, постигнат со француско посредништво.

Новинарот го праша Рама дали и сега постои причина за несогласување со бугарското раководство, со оглед на тоа што пред три години изјавил дека не се согласува целосно со Софија.

Тој одговори дека тогаш околностите биле поинакви и дека сега нема причина за спор.

„Не. Не, бидејќи тогаш, како што се сеќавате, стануваше збор за ситуацијата пред таканаречениот договор меѓу Бугарија и Северна Македонија, постигнат со француско посредништво. Сметам дека сега нема причина за несогласување, бидејќи потребата бугарското малцинство да биде внесено во Уставот на Северна Македонија е сосема јасна. Тоа произлезе од договорот меѓу двете земји“, рече Рама.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk