ЗАКАЖАНО СУДЕЊЕТО ЗА НАСИЛНИКОТ ОД ОХРИД, ова е датумот на првото рочиште

Vecer | 18.11.2026

ЗАКАЖАНО СУДЕЊЕТО ЗА НАСИЛНИКОТ ОД ОХРИД, ова е датумот на првото рочиште
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Судењето против Кристијан Корабоски, обвинет за нападот врз 26-годишната Сара Ѓорѓиеска од Охрид, е закажано за 27 ноември, потврдија од Основниот суд во Охрид. Рочиштето е закажано, откако Судот на предлог на Обвинителството, вчера му одреди 30 дневен притвор на Корабовски.

„Во текот на вчерашниот ден од страна на Основното јавно обвинителство Охрид до Основниот суд Охрид е поднесен обвинителен предлог со посебен предлог за определување мерка притвор против обвинетиот К.К. од Охрид, за кривични дела „Телесна повреда“ „Противправно лишување од слобода“ и „Загрозување на сигурноста“. По повод посебниот предлог за определување мерка притвор надлежен судија на Основниот суд Охрид пред почеток на главната расправа во текот на вчерашниот ден одржа рочиште и по испитување на странките донесе Решение а со кое спрема обвинетиот К.К. од Охрид е определена мерка притвор во траење од 30 дена поради опасност од бегство и опасност од повторување на кривичните дела. По поднесениот обвинителен предлог заради итноста на постапката е закажана главна расправа за ден 27.11.2026 година во 11,00 часот“, соопштуваат од Судот и додаваат дека „како за сите останати предмети и за овој ќе обезбеди транспарентост во законски рамки“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk