Промените што го засегаат националниот идентитет не смеат да бидат услов за европска интеграција

Vecer | 17.11.2026

Промените што го засегаат националниот идентитет не смеат да бидат услов за европска интеграција
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Премиерот Христијан Мицкоски, во рамки на работната посета на Брисел, учествуваше на Форумот за проширување на Европската Унија, посветен на реформите, инвестициите и економскиот раст.

„Денеска во Брисел остварив средба со Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство при Европската комисија. Во фокусот на разговорите беа европската перспектива на Македонија, напредокот во реформските процеси и следните чекори во пристапувањето кон Европската Унија“ – напиша Мицкоски во објава на Фејсбук.

Тој повторил дека нашата определба за членство во Европската Унија е јасна и недвосмислена.

„Македонија заслужува европска иднина, заснована на принципиелни односи, почитување и заштита на националните интереси, како и доследно спроведување на реформите во интерес на граѓаните. Продолжуваме со посветена работа, исполнување на реформската агенда, одговорна политика и јасна визија за европска, стабилна и просперитетна Македонија“ – напиша Мицкоски.

Тој исто така се осврнува и на разговорите на Форумот и вели дека проширувањето на Европската Унија треба да биде фокусирано на суштински реформи, модернизација на институциите и нивно поголемо отворање кон граѓаните.

Промените што го засегаат националниот идентитет, смета Мицкоски, не смеат да бидат услов за европска интеграција, бидејќи тоа го доведува во прашање кредибилитетот на самиот процес на проширување.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk