МАКЕДОНИЈА МЕЃУ ЗЕМЈИТЕ СО НАЈВИСОКА СТАПКА НА РАСТ, изјави министерката Кочоска од Њујорк

Vecer | 24.09.2026

МАКЕДОНИЈА МЕЃУ ЗЕМЈИТЕ СО НАЈВИСОКА СТАПКА НА РАСТ, изјави министерката Кочоска од Њујорк
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

До крајот на годината не се очекува ревидирање на стапката на раст и промени во буџетскиот дефицит. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска истакна дека состојбите се следат и дека сè се одвива во согласност со проекциите, особено имајќи ја предвид стапката на раст од 4,3 проценти во вториот квартал.

– Владата во изминатите две години многу посветено и напорно работеше на економијата и мислам дека сето тоа сега дава резултати. Македонија е една од земјите што навистина има највисока стапка на раст и најстабилна и една од пониските инфлации, што јасно покажува дека мерките биле насочени таму каде што треба, порача министерката во интервју за Македонската телевизија во Њујорк, каде што учествуваше на состаноци на Светскиот економски форум.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk