Латас: Ај нека се заврши добро ова со Алта, ПА ДА ВИДИМЕ КАКО ЗАЕВ ЈА МАЖЕШЕ КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА

Vecer | 10.11.2026

Латас: Ај нека се заврши добро ова со Алта, ПА ДА ВИДИМЕ КАКО ЗАЕВ ЈА МАЖЕШЕ КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Ај нека помине малку време, Мицкоски да го реши ова со Алта банка и сите своите пари да ги имаат на слободно располагање па ќе се свртиме кон еден друг случај:

Како Зоран Заев, со асистенција за неговиот советник Зоран Башановиќ кој под притсок од Вучиќ се повлече од Србија и стана десна рака на СДСМ и Заев... како Заев и тој се обидуваа да го исполнат ветувањето дадено на Бојко Борисов за купување на Комерцијална банка Скопје.

Три млади навежбани Бугари и еден од бугарските социјалисти со македонско име во акција... Останатото кога ќе дојде време. Од кого се барала помош да помогне да не дојде до преземањето? Од некој што за Филипче и денес е ноќен кошмар. Комерцијална, на крај, успеа да се сочува од непријателско преземање.

Но Еуростандард не успеа. За да се спаси им дадоа на партиските “бизнисмени“ се што побараа. Од кредити без покритие па се што следи и, добија стечај. Ако ја урнеш банката, поставиш свој стечаен тим, тешко се доаѓа до трагите на ограбувањето. Со ова обвинителство па никако нема да се дојде до траги за рекет и грабеж.

После од ЕУ доаѓа абер - слаба борба против корупција! Е па слаба, од Брисел на Заев му ги одобруваа токму овие обвинители и судии, како и славното СЈО. Тие се одговорни за корупцијата.

Како што не успеа непријателското преземање на барем една од две таргетирани национални телевизии. Во три национални телевизии Заев ги смени главните уредници, и веќе избра главен уредник кога барем една од двете таргетирани ќе падне. Избраниот главен уредник во најава влезе во владата. Чекаше, чекаше и - не дочека.

Колку сегашниов “невладин“ СДСМ повеќе буричка за да предизвика проблеми кои потоа ќе ги користи за свои цели, толку побрзо отвара скриени подруми и архиви кои директно водат до поранешниот и сегашниот партиски шеф. Не е само Дубаи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk