logo
logo
logo

МАКЕДОНСКИТЕ АЕРОДРОМИ УРИВААТ РЕКОРДИ - Над 400 илјади патници за еден месец

Vecer | 04.08.2026

МАКЕДОНСКИТЕ АЕРОДРОМИ УРИВААТ РЕКОРДИ - Над 400 илјади патници за еден месец

 Додека аеродромите во Охрид и Скопје го имаа најуспешниот јули досега, поставувајќи историски рекорди во македонскиот воздушен сообраќај, ACI Europe повторно ги рангира македонските аеродроми меѓу најбрзорастечките во Европа. Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, управуван од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на Групацијата АДП, го забележа најуспешниот месец јули во својата историја, поставувајќи нов рекорд и во бројот на патници и во бројот на реализирани летови, информираат од ТАВ Аеродроми.

Во текот на јули, охридскиот аеродром опслужил 52.544 патници, што претставува раст од 41,21 отсто во споредба со истиот месец минатата година. Воедно, биле реализирани 443 летови, односно 34,65 отсто повеќе отколку во јули 2025 година. 

Во истиот месец биле поставени уште два значајни рекорди. На 26 јули бил регистриран најфреквентниот ден во историјата на охридскиот аеродром, со опслужени 2.988 патници, додека на 20 јули биле реализирани рекордни 22 летoви во текот на еден ден. 

-Позитивниот тренд се потврдува и преку кумулативните резултати. Во периодот од јануари до јули преку охридскиот аеродром патувале вкупно 175.182 патници, што е за 24,24 отсто повеќе во споредба со истиот период минатата година. Во истиот период биле реализирани 1.350 летови, што претставува раст на авионскиот сообраќај од 28.69 отсто, велат од ТАВ Аеродроми.

Според нив, силен раст продолжува да бележи и Меѓународниот Аеродром Скопје. 

Во текот на јули биле опслужени 408.925 патници, што претставува раст од 29.5 отсто во споредба со истиот месец минатата година, додека беа реализирани 2,670 летови, односно 10.3 отсто повеќе отколку во јули 2025 година. Најфреквентен ден на скопскиот аеродром бил 31 јули, кога беа опслужени 16.347 патници. Најголемиот број на летови во еден ден, вкупно 101 операција биле реализирани на 20 јули.

-Во периодот од јануари до јули на Меѓународниот Аеродром Скопје беа опслужени 2.241.935 патници, што претставува раст од 29 отсто во споредба со истиот период минатата година, додека беа реализирани 14.930 летови, односно 7.1 отсто повеќе. Во првите 7 месеци од годината, скопскиот и охридскиот аеродром заедно опслужија 2,42 милиони патници (2.241.935) и 16.280 летови, што претставува зголемување од 28.4 отсто во растот на патничкиот сообраќај и 8.6 отсто во бројот на операции, посочуваат од комапнијата.  

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk