logo
logo
logo

ИТНО! ВО ТЕК ГОЛЕМА АКЦИЈА НА МВР - Ова се случува

Vecer | 11.09.2026

ИТНО! ВО ТЕК ГОЛЕМА АКЦИЈА НА МВР - Ова се случува

Министерството за внатрешни работи во моментов спроведува нова акција поради сомненија за незаконско издавање и фалсификување возачки дозволи.

„МВР денеска спроведува координирана акција со претреси на повеќе локации поради сомненија за незаконско издавање и фалсификување возачки дозволи за Ц- и Д-категорија“, потврдуваат од Министерството.

Велат дека акцијата е со цел расчистување на случаите и обезбедување материјални докази.

Денешната акција следува по истрагата што внатрешната контрола на МВР ја отвори минатиот месец кога беше откриено дека вработени во управните служби незаконски впишувале повисоки категории во возачки дозволи на лица што немале положено испит за управување камиони или автобуси.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk