СЛЕДИМЕ, НО НИ ТРЕБААТ ДОКАЗИ за АЛТА БАНКА, вели новата шефица на ОЈО ГОКК

Vecer | 12.11.2026

СЛЕДИМЕ, НО НИ ТРЕБААТ ДОКАЗИ за АЛТА БАНКА, вели новата шефица на ОЈО ГОКК
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Обвинителството ги следи актуелните случувања поврзани со Алта банка, организацијата на прославите за Денот на независноста и други теми од јавен интерес, но за формирање обвинителски став се неопходни конкретни факти и докази, смета новоизбраната раководителка на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Искра Хаџи Василева.

Одговарајќи на новинарско прашање дали има обвинителски став за овие случаи и дали треба да се испитуваат одредени наводи, Хаџи Василева нагласи дека не би било соодветно да се изнесува став без конкретен материјал.

– За да имате обвинителски став, мора да располагате со конкретен материјал и факти, без оглед на тоа што се зборува во јавноста, што кружи во медиумскиот простор или што произлегува од новинарски написи, изјави Хаџи Василева.

Таа додаде дека доколку постојат посериозни индиции или основи за сомневање, тоа е веќе друга ситуација.

– Новинарските истражувања за нас се значајни и можат да помогнат. Доколку дојде момент за понатамошно постапување, секако дека овие теми внимателно се следат и нè обврзуваат да реагираме, вклучително и по допрен глас, рече таа.

Според неа, евентуалното преземање активности ќе зависи од сознанијата и доказите со кои ќе располага Обвинителството.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk