МАКЕДОНИЈА СО ПОМАЛКУ УБИСТВА од некои членки на ЕУ

Vecer | 12.11.2026

МАКЕДОНИЈА СО ПОМАЛКУ УБИСТВА од некои членки на ЕУ
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Стапката на убиства во Македонија бележи тренд на намалување во изминатата деценија и се спушти од 1,21 на 1,10 убиства на 100.000 жители, покажуваат најновите споредбени податоци за безбедноста во регионот и Европската Унија. На ниво на Балканот, највисока стапка на убиства е регистрирана во Црна Гора со 1,92 на 100.000 жители, по што следува Бугарија со 1,23, додека значително пониски бројки имаат Србија со 0,82 и Грција со 0,78 убиства.

Кога станува збор за Европската Унија, на врвот на неславната листа се наоѓаат балтичките држави, при што предничи Литванија со стапка од 2,63 убиства на 100.000 жители, пред Летонија со 2,40 и Естонија со 1,82. Сепак, статистиката открива дека Литванија истовремено бележи и најдрастичен позитивен напредок, со оглед на тоа што оваа бројка е повеќе од преполовена во споредба со 2014 година. На спротивната страна од табелата, како најбезбедни земји во Унијата според овој критериум се издвојуваат Луксембург со минимални 0,30 убиства на 100.000 жители, Италија со 0,57 и Чешка со 0,63.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk